Проф. Ѓуровски: Пораките од Столтенберг потврдуваат дека Македонија е дел од големата игра

од Nikola Popovski
349 прегледи

Проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност смета дека не е случајно што во ист ден во неделата, претставниците на САД, ЕУ и на Велика Британија дошле во посета на Балканот.

-Ескобар и Лајчак во Приштина, Стјуар Пич во Скопје беа во исти ден на Балканот. Пораки кои дојдоа од Генералниот секретар на НАТО во присуство на македонскиот премиер потврдуваат дека сме со споредна улога, но сепак сме актери во големата игра, вели професорот.

Според него, овие посети и движења на Балканот се на некој начин во конекција со условите кои Русија ги побара за запирање на политиката на проширување на НАТО.

Ѓуровски смета дека специјалниот британски пратеник Пич ќе направи обид за индиректно да оствари влијание во решавање на македонско-бугарскиот спор.

-Тоа е потврда дека Велика Британија ја удвојува својата долгогодишна политика за оддржување на територијалниот интегритет на Балканот, потенцира професорот.

Слични содржини