Проф. Јакимовска-Тошиќ со благодарност до Царовска за решавање на проблемот со вработувањата во Институтот за македонска литература

од Берта Китинска
522 прегледи

Проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ од Институтот за македонска литература изрази благодарност до министерката за образование, Мила Царовска за нејзините заложби и придонес во решавањето на деценискиот проблем со вработувањата во Институтот.

„Одобрувањето за вработување на 10 лица, од кои седум соработници истражувачи, двајца административни работници и едно техничко лице за нас значат огромна поддрѓка во остварувањето на научноистражувачката и високообразовна дејност во подолг временски период“, вели Јакимовска Тошиќ.