Проф. Калајџиев: Како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети?

од Nikola Popovski
406 прегледи

Професорот по меѓународно право, Гордан Кајалџиев смета дека не е возможно да има меѓународни истраги за пресудени предмети.

-Се моли Министерот за правда да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети?!, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Ова доаѓа откако вчера Алтернатива објави, а денес премиерот Зоран Заев информира дека е побарана меѓународна експертиза за судските процеси Монструм, Диво Насеље, Алфа, Алмир Алиу и други.

-Ова е договорено затоа што довербата во правосудниот систем е, поодамна разнишана. Но тоа не значи, дека некој ќе може да ги поништи судските процеси или да направи нешто спротивно на нашите закони. За првпат се случува Владата да достави барање до Европската комисија за да направат меѓународно истражување на случаите. За жал, последните 30 години постоеле сомнежи околу судските одлуки. Имало сомнежи за политичко влијание, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дека ова е по иницијатива на Гаши.

Слични содржини