Проф. Шкариќ: Внесувањето на Бугарите во Уставот не значи бугаризација на Македонија

од Nikola Popovski
274 прегледи

Ги охрабрувам наредните власти да извршат уставни измени, бидејќи нема страв од никаква бугаризација, а после тоа Бугарите не можат да нѐ блокираат од аспект на нивните анахрони барања, изјави професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ.

Во новогодишното интервју за ТВ ВИСТЕЛ, професорот Шкариќ дал свое видување околу уставните измени потенцирајќи дека прифаќањето на промените на Уставот со впишување на Бугарите не значи бугаризација на Македонија.

-Идниот состав на Собранието ќе ги прифати промените на Уставот со впишување на Бугарите, тоа не значи бугаризација на Македонија, и после тоа треба да се размислува за нов Устав, бидејќи сегашниот со сите амандмани е неспроведлив, посочи Шкариќ.

Слични содржини