Се посиурно е дека и во Битола е достигнат врвот на бранот. Ефективниот репродукционен број Rt, седумдневно усреднет, веќе е околу 0,99, подвижната средина на дневниот број на нови случаи (жолтата линија на првиот дијаграм) бележи реско намалување. Затворањето на кафулињата дојде во вистински час, штета што моравме да дојдеме до тука без никаква потреба, пишува во својата нова анализа на Фејсбук професорот Дејан Трајковски.
Од друга страна, ако беа воведени порано, бројките иако побавно сепак ќе растеа, па населението ќе велеше дека сето тоа е залудно. Вака маркетиншки испаѓа убаво, но платената цена е превисока.
Уште неколку дена минимално ќе искачува бројот на активни случаи, веројатно и на починатите. Засега просечниот број на дневно починати е понизок отколку во есента и ќе биде вистинско чудо ако остане така, при значително повисок број (за повеќе од 50%) на хоспитализирани. Иста болница, иста терапија, поопасен сој на вирусот, но сепак понизок леталитет. Нека ме обвинат за шарлатанство (со право, бидејќи се уште немам научен доказ, иако многу би сакал да добијам пристап до податоците и научно да проверам), но единствениот нов фактор во лекувањето е лекот Ивермектин, ceteris paribus (при се останато исто).
Нека помине бранот на смртните случаи па ќе направиме и анализа на леталитетот, но изгледа дека ќе биде понизок во овој бран за околу една половина во Битола. Болните од битолскиот центар тогаш со право би требало да им бидат благодарни на лекарите затоа што го применувале овој лек неселективно, за разлика од многу други болници низ државата каде одбивале да им го дадат лекот, со поразителни резултати.
Доволно е даги споредиме кривите на просечниот (седумдневно усреднет) морталитет за Битола и Македонија, на второт и третиот дијаграм и се ќе ни стане јасно – вториот врв на смртните случаи во Битола е значително понизок од првиот, додека на државно ниво е обратно и тоа со значителна разлика.
Инаку, стапката на леталитет на државно ниво веќе 8 месеци е практично константна и изнесува околу 3,2% (на четвртиот дијаграм).
10.04.2021. Се посиурно е дека и во Битола е достигнат врвот на бранот. Ефективниот репродукционен број Rt, седумдневно…
Posted by Дејан Трајковски on Saturday, 10 April 2021