Проф.Трајковски: Eпидемијата во Македонија на пат е да премине во ендемија

од Берта Китинска
476 прегледи

Колку и да изгледа неочекувано, трендот на забавување на епидемијата, прв пат забележан уште минатиот петок, продолжува неделава. Ефективниот репродукциски број Rt е помал од единица во сите временски рамки, од седудневна до 20-дневна. Rt со седумдневно усреднување (на дијаграмот на првата слика) не слегува многу под единица, но ниту искачува многу над неа во есенскиот дел од четвртиот бран, пишува во својата ковид анализа професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски.

-Забележуваме два врва на преносливоста, пред првиот круг на локалните избори и после отворањето на диско и ноќните клубови, но штетата од нив беше прилично ограничена, дносно амортизирана (придушена). Разни групи граѓани се заразиле од тие настани, но бргу се воспоставила некаква нова рамнотежа. Просто е неверојатно ако толку лесно куртулиме од есенскиот бран. Но, истото се забележува и во БиХ, со која споделуваме речиси идентина епидемиолошка крива, освен што таму немаше летен дел од бранот, предизвикан од свадби како кај нас. Во сите балкански земји есенскиот врв е достигнат и бројките веќе се намалуваат.

Според неговата анализа епидемијата во нашата држава простепно се ближи кон својот крај, односно на пат е да премине во ендемија.

– Така би се влечеле можеби со години, додека постепено сите не прележиме, со тоа што вакцинираните би поминувале полесно. Реинфекциите ќе станат нормална појава, слично како на сезонскиот грип, а ковид-19 повеќе нема да биде медиумска вест, констатира тој.

Слични содржини