Проф.Трајковски ги наведе причините поради кои е можно избувнување на нов бран наесен

од Берта Китинска
191 прегледи

Професорот од Техничкиот факултет во Битола д-р Дејан Трајковски на својот Фесјбук ги наведе трите причини поради кои е можно избувнување епидемија на Делта сојот на есен.

-На подолната шема е прикажано зошто е можен епидемиско ширење на Делта сојот дури и да имаме степен на колективен имунитет од 60%, комбинирано од прележаување и вакцинирање.

Британските научници процениле дека базичниот репродукциски бро за Делта сојот на вирусот изнесува R0=5…9. Овој број покажува на колку вкупно лица, имуни или чувствителни, еден заразувач ќе го пренесе вирусот.

Ако претпоставиме дека 60% од популацијата е имуно на заразување, било од прележување или вакцинираност, тогаш ефективниот репродукциски број Rt изнесува:

Rt = 40%*R0 = 0,4*5 = 2.

Ефективниот репродукциски број Rt, пак, покажува колку лица ќе бидат заразени од еден заразувач. Доколку е Rt>1 (во овој пример Rt=2), тогаш бројот на новозаразени расте по геометриска прогресија, односно постои епидемиски пренос.

Да ги наброиме трите причини поради кои е можно избувнување епидемија на Делта сојот на есен.

1.) Опасноста доаѓа од високата преносливост (R0=5…9), при недоволен степен на колективен имунитет (би требало да биде 80% – 85%, зависно од R0).

2.) Отворени граници, без никаква контрола на влезот. Доколку не се воведе епидемиолошки критериум за влегување во државата (скорешен ПЦР или барем брз антигенски тест, уверение за прележаност или сертификат за вакцинираност, како за странските, така и македонските државјани), прашање на време е кога новиот сој ќе пристигне во земјава.

3.) Недоволна стапка на вакцинираност. За да се спречи епидемиски пренос на Делта сојот, неоходно е да бидат вакцинирани најмалку 70% од жителите на државата, вклучувајќи ги и децата над 12-годишна возраст (како што ќе прави Израел).

Бидејќи во наши услови веројатноста за исполнување на погорните услови е минимална, големи се шансите за избувнување на нов бран на епидемијата наесен, пишува Трајковски.

Слични содржини