Проф.Трајковски: Масовните собири и свадбите можат само да долеат бензин на огнот после првата искра

од Берта Китинска
297 прегледи

Летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата, пишува  на Фејсбук професорот на битолскиот технички факултет, Дејан Трајковски.

-Колку и да изгледа безгрижно моменталната состојба, за кратко време може да се претвори во кошмар, со оглед на малата стапка на вакцинираност на населението. Масовните собири, ноќните клубови и свадбите, можат само да долеат бензин на огнот после првата искра, коментира Трајковски.

Слични содржини