Проф.Трајковски објави анализа за тоа колку вакцините се ефикасна против индискиот сој

од Берта Китинска
309 прегледи

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски на својот Фејсбук профил повикувајќи се на Healthdata.org. изврши анализа  за ефикасноста на вакцините против индискиот сој на ковид-19.

Healthdata.org од Универзитетот во Вашингтон (http://www.healthdata.org/…/covid-19-vaccine-efficacy…), врз основа на досегашните измерени ефикасности на вакцините и соодносите меѓу броевите на инфицирани, заболени и хоспитализирани ги моделирал ефикасностите на разните типови на вакцини против најновите соеви, меѓу кои и Делта сојот. За жал, даваат проценки само за ефикасност против инфекција и симптоматска болест, додека нема проценки за ефикасност против хоспитализација и смртен исход. Значи, да ги заборавиме ефикасностите против „дивиот“ вухански сој и британскиот, време е да мислиме на индискиот, Делта сој.

Кај сите вакцини се забележува пад во ефикасноста во случајот на Делта сојот B.1.617.2, со тоа што падот кај Фајзер и Модерна е најмал, додека кај Коронавак/Синовак е најголем. Освен кај вакцините со инактивиран вирус (кинеските Коронавак и Синофарм, голем пад се забележува и кај АстраЗенека). Да се потсетиме, според СЗО, „вакцина“ која има ефикасност против инфекција (најниската од трите ефикасности) помала од 50% не се смета за вакцина. Со 28% или 31% ефикасност тоа е сé само не вакцина. Уште една причина повеќе сите вакцинирани да продолжат да се однесуваат (да ги применуваат превентивните мерки) исто како воопшто да не биле вакцинирани.

Уште нешто. Healthdata.org не ни предвидува раст на бројот на смртни случаи пред октомври, НО досегашниот реален број на смртни случаи во нашата земја го проценуваат на дури 13.200 смртни случаи, што е прилично повеќе од мојата статистичка проценка за 9.450 починати, со 95% интервал на доверба помеѓу 7.700 и 11.200 починати од ковид-19, пишува Трајковски.

Слични содржини