Проф.Трајковски со нова ковид анализа за заштитата на вакцините против ковид 19

од Берта Китинска
366 прегледи

Најновите ефективности на вакцините и учествата на вакцинираните кај дијагностицираните и починатите.Тоа што изгледаше како извесно поткревање на ефективноста против заразување во изминатите 3-4 недели, објаснето со давањето трети дози, повеќе како да не важи, пишува во својата нова ковид анализа професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски

-Ваквиот голем пад на ефективноста најверојатно се должи на растечкото учество на омикрон сојот во популацијата, против кого две до зи од постоечките вакцини немаат практично никаква заштита. Тоа се гледа и од растечкиот удел на вакцинираните меѓу заразените (околу 50%), којшто практично се изедначи со уделот на вакцинираните во популацијата над 18 годишна возраст (пред 2 недели, од кога важи вакцинираноста со 2 дози, изнесуваше исто така околу 50%).Добрата вест е што ефективноста против смртен исход практично не се намалува. Доколку броевите не се фингирани, произлегува дека две дози од вакцините се сé уште доволни за заштита од смртен исход и дека третата доза воглавно помага за спречување на заразувањето (додуша на краток рок, а против омикрон сојот ни толку). Тие коишто досега се вакцинирале со две дози добро направиле, а повеќе корист би имало доколку се вакцинирале повеќе лица со две дози, отколку од давање трети дози на досега вакцинираните. Така барем велат бројките, без разлика какво е толкувањето од гледна точка на имунолошката наука, пишува Трајковски.

Слични содржини