Професор Дејан Трајковски во својата најнова кови-анализа констатира дека поголем опфат со вакцинација нужно не значи помала инциденца на заразување.
-Ова го знаеме веќе извесно време преку ефективноста на вакцините против заразување, којашто е во постојано намалување и минатата недела изнесуваше околу 23%. Со други зборови, поголемиот опфат со вакцинација резултира само со проближно 23% намалување на ризикот од заразување. Но, тогаш видовме и дека ефективноста против смртен исход е сé уште прилично висока, со околу 89% намалување на шансите за смртен исход во однос на невакцинираната популација, пишува проф. Трајковски.
Тој сподели и дијаграм, од кој може да се заклучи дека повеќе вакцинираните општини имале (или дека ќе имаат) помала инциденца на заразување.
-Дијаграмот ни покажува дека моментално бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, па дури ни Гевгелија нема да биде поштедена, иако овие последниве две општини имаат прилично висок опфат со вакцинација, анализира Трајковски.
Професорот предупредува дека нема да бидат поштедени од заразување ни високовакцинираните (за македонски услови) градови, но вели, благодарение на високата ефективност против смртен исход, во тие градови стапките на хоспитализираност и морталитет би требало да бидат пониски.