„Венко Филипче денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки. Веднаш со факти морам да го демантирам. На подолниот дијаграм се дадени моменталните седумдневни просеци на дневниот број на починати на милион жители од 13-те земји со најголем кумулативен број на починати од почетокот на епидемијата до денес, исто така на милион жители. НАЈЛОШИ МЕЃУ НАЈЛОШИТЕ НА СВЕТОТ! Јасно е дека со вакво темпо Македонија ќе ги достигнува и престигнува земјите кои се повиоко од неа на листата според кумулативната смртност“, вели професорот Трајковски на својот ФБ профил.
