Проф. Трајковски: Зошто државата да ги убедува невакцинираните, кога самите не сакаат да се заштитат?

од Nikola Popovski
285 прегледи

Професорот Дејан Трајковски од Битола објави дека министерот за здравство, Венко Филипче направил грешка или му подметнале погрешен говоро, откако вчера изјави дека „нема да дозволиме невакцинираните да ги загрозат вакцинираните“.

За Трајковски, вакцинираните се прилично заштитени со вакцините (инаку зошто би се вакцинирале), па не се плашат од невакцинираните.

-Второ, невакцинираните можат да ги загрозат другите, невакцинирани, вклучувајќи се и самите себеси.
Трето, ако невакцинираните се плашеле од зараза, досега ќе биле вакцинирани, но очигледно не се плашат. Зошто тогаш државата би ги убедувала? Зошто државата би штитела некого кој самиот не сака да се штити? Учеле на училиште, возрасни се, имале доволно информации во медиумите за читање, па дојде време да ја понесат одговорноста или да ги сносат последиците од своите одлуки. Најпосле, редно е вредните ученици да бидат наградени за својот труд, пишува Трајковски.

Тој смета дека кога веќе зборуваме за заштитата, треба да го разгледаме дијаграмот каде се прикажани седумдневните подвижни средини на бројот на тешко болни и хоспитализирани, постари од 65 години, во болниците во Израел.

-Црвената линија се однесува на невакцинираните, а сината на вакцинираните (сите со вакцината на Фајзер). Забележуваме дека сината линија (на вакцинираните) минимално искачува, како што се поднамалува ефикасноста на вакцините со текот на времето, но Делта сојот нема силно влијание врз растот. Од друга страна, црвената линија (на невакцинираните) забрзано расте од појавата на Делта сојот, а разликата е се поголема како што изминува времето. Понатаму, во Израел е вакцинирано околу 60% од популацијата, што значи дека вакцинирани има 1,5 пати повеќе од невакцинирани, објави Трајковски и додава:

-Бидејќи меѓу невакцинираните, коишто служат како контролна група во пресметката на ефикасноста, има прилично прележани кои ги намалуваат бројките на новохоспитализирани, привидно изгледа дека ефикасноста е пониска, околу 77%. Кога би ги исклучиле прележаните, ефикасноста би била уште повисока.

Слични содржини