Професии кои можат да го УНИШТАТ вашиот брак

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Стрес, долго работно време и раздвојување поради работа – сето тоа влијае на приватниот живот.

Американскиот статистичар Нејтан Јау го анализирал процентот на разведени бракови во различни групи на професии и открил дека најзагрозени луѓе се оние кои се занимаваат со една од овие три работи.

1. Бармен

Дури 52,3 проценти од шанкерите се разведени, пред се поради работното време. Ако сте во врска со маж или жена кои се занимаваат со ваква работа, вечерите главно ќе ги поминувате сами. Покрај тоа, работата вклучува контакт со голем број луѓе, често под дејство на алкохол, а сето тоа може да доведе до прељуба.

2. Стјуардеса

Поради природата на работата, стјуардите и стјуардесите често се држат настрана од домот и партнерите, а приватниот живот претежно се сведува на дружење со колегите и во странство. Ова предизвикува проблеми во бракот и честа прељуба. Податоците на Бирото за статистика на САД покажуваат дека дури 50,5 проценти од врските со стјуарди и стјуардеси пропаѓаат.

3. Зидар

Тешката физичка работа во кое било време од денот или ноќта чини енергија и нерви, што се рефлектира во врската. Тоа ја објаснува стапката на развод од 50,1 процент.

Слични содржини