337
Професор во струшката гимназија „Ибраим Темо“ со метален предмет повредил ученик. Настанот се случил после 13 часот. Веднаш била повикана полиција, по што осомничениот професор бил приведен.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец.
– Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски.
Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата. Извршено е шиење и пуштен е на домашно лекување.