Професор од Киев предупреди на голем проблем: „Ситуацијата е драматична!“

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Професорот Максим Камениецки од Киевскиот институт за меѓународни односи беше гостин на Нови Дан, во кој ја коментираше ситуацијата во Украина.

„На прес-конференцијата на украинскиот претседател се зборуваше за мобилизација на армијата бидејќи е важно да се сменат војниците на фронтот, но Володимир Зеленски напомена дека најголемиот проблем со мобилизацијата е што за мобилизација на 500.000 луѓе се потребни напори во економијата. За секој војник има по 6 даночни обврзници. За толкава количина мобилизирани треба да обезбедат уште 3 милиони луѓе“, коментира професорот Камениецки.

Тој наведува дека сите знаат дека над 6 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а прашањето за мобилизација е се уште отворено.

„Ситуацијата во Украина е доста драматична, што се однесува до економијата и расположението на луѓето. Украинците бараа барем некаков одговор што ќе се случи понатаму. Ќе биде потребно многу време“, рече тој, а потоа додаде: „Украина се соочи со исклучително голема линија која мораше да ја брани. Се работи за целата граница. Украина ги привлече врз себе сите сили на руската армија“.

Слични содржини