Професорите од универзитетот „Кирил и Методиј“ ќе излезат на предупредувачки протест доколку не се исполни нивното барање за повисоки плати.
-Доколку сакате наука треба да бидат надминати овие егзистенцијални проблеми. Не може некој да се занимава со наука, да истражува, а да не може да ги задоволи егзистенцијалните проблеми. Да не говориме дека нема никакви издвојувања за истражувања, публикации, печатење на книги. Оттука трпението е при крај и револтот е голем кај наставниот кадар. Досега имавме големо раазбирање кон државата за ковид-состојбата и сиромаштијата. Повеќе од две години правиме заложби и го одиме патот на разумот. Оттука членството ќе упати отворено писмо до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии дека платите на професорите од УКИМ се на исклучително ниво. Бараме потпишување на тој колективен договор. Членството е подготвено за предупредувачки мирни протести, информира универзитетскиот професор Ангел Ристов во емисијата „Студио 10“.