Меган Маркл е прогласена за најинтелигентна личност во британското кралско семејство, според студијата на Оксфорд Ројал.
Студијата го анализирала образованието на членовите на најпознатото кралско семејство, а сопругата на принцот Хари го добила највисокото признание.
Меган студирала на елитниот Нортвестерн универзитет во Илиноис, каде што се стекнала со две дипломи, за театар и меѓународни односи.
-Да се живее како член на кралското семејство не е лесно. Тие постојано се под лупа на јавноста, но Меган има одлична позадина. Исто така, нејзината желба да ја искористи својата платформа за да ја подигне свеста за актуелните светски проблеми е одраз на нејзината интелигенција, соопштија од компанијата.
Втората најинтелигентна личност е Кејт Мидлтон, која дипломирала на Универзитетот во Сент Ендрјус.
Војвотката од Кембриџ се подготвувала за престижен универзитет во средно училиште, а најдобри резултати постигнала по математика и уметност, а потоа и на англиски јазик.
Третиот најинтелигентен човек бил принцот Вилијам, кој дипломирал на истиот универзитет како и неговата сопруга.
Поради заминувањето во војска, образованието на принцот Хари се намалило, па тој не стигнал до првите десет најинтелигентни.
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia