Прогласена вонредна состојба на југот на Родос, извршена најголемата евакуација во Грција досега

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

На југот на Родос денеска е прогласена вонредна состојба поради пожарот кој веќе шести ден беснее на тој грчки остров и поради кој е извршена најголемата евакуација досега спроведена во Грција поради шумски пожари.

Одлуката на генералниот секретар на Службата за цивилна заштита на општинската единица Јужен Родос денеска прогласи вонредна состојба поради пожарот, додека грчкото министерство за климатски промени соопшти дека 19.000 луѓе се евакуирани од своите домови и хотели, наведувајќи дека ова е најголемата евакуација што досега е извршена во Грција поради шумски пожари.

Илјадници туристи и островјани кои беа евакуирани поради ширењето на пожарот на Родос денеска беа привремено сместени во училиштата и засолништата, а многумина беа евакуирани со приватни чамци од плажите бидејќи пламените јазици ги загрозија одморалиштата долж морскиот брег и крајбрежните села, објави „Ројтерс“, наведувајќи дека илјадници луѓе ја поминале претходната ноќ на плажите и улиците.

Слични содржини