ПРОГНОЗА НА ГЕРМАНСКИТЕ ВЛАСТИ: Само прашање на време е кога новиот вид на корона ќе стане доминантен!

од Nikola Popovski
235 прегледи

Германската влада денес објави дека е крајно вознемирена од ширењето на вовата варијанта на коронавирус, која за прв патбеше откриена во Велика Британија.

Владиниот портпарол Штефан Зајберт рече дека новата варијанта претставува „многу сериозна опасност“ во земјата, каде досега се откриени релативно мал број од новите случаи.

Тој изјави дека по неколкунеделна блокада, стапката на инфекција полека се намалува, но „во исто време, постои многу реален ризик дека ќе преовладува новата варијанта на вирусот, како и во другите земји, и дека бројките можат повторно да се зголемат“.

Шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Хелге Браун, претходно изјави дека е само прашање на време кога новата варијанта на коронавирусот ќе стане доминантен вид во Германија.

Браун изјавил дека новиот вид на вирус ќе „создаде проблеми“ во Германија, што дополнително ја зголемува важноста на целокупното намалување на стапката на инфекција.

„Веќе се занимаваме со новата варијанта во неколку болници. Тоа значи дека таа пристигна во нашата земја и дека во одреден момент – како и во другите земји – ќе го преземе водството и ќе создаде проблеми. Јас сум сигурен во тоа“, вели Браун.

Новиот вид на вирус досега главно се јавуваше во Велика Британија. Експертите велат дека новиот вид на вирус е позаразен, сепак, сè уште не е можно со сигурност да се каже дали е поубиствен.

Стапката на инфекција во Германија постепено почна да паѓа. Во последните 24 часа, инфекцијата е потврдена кај 6.729 лица. Сепак, бројот на случаи забележани за време на викендите е обично помал отколку во текот на неделата поради намалување на обемот на тестирање.

Слични содржини