Програмите за инвестирање во почист воздух се најголеми од било кога, тврди Заев

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Продолжуваме со целиот сет на мерки што е јавно објавен и веруваме дека резултатите секоја година ќе бидат се повеќе и повеќе видливи. Отпочнавме многу сериозни проекти за инвестирање во замена на системите за греење и ќе продолжиме во тој правец. Следуваат директни вложувања во јавниот превоз и директни контроли на индустријата, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања до каде е реализацијата на планот за заштита од аерозагадување.

Една од мерките, нагласи Заев, е промена на системите за греење во јавните институции и сите слободни средства веднаш се алоцираат за замена на системите за греење на обновливи извори.

– Во кумановската болница, во Затвор Скопје и ќе има директни промени и во другите здравствени установи. Се рабори за приклучување на еколошки енергенси, како природниот гас и елекртичната енергија од досегашните мазут, нафтени деривати и дрва. Максимално тоа го правиме со сопствени ресурис и не повлекуваме кредити за ваквите работи. Програмите како никогаш досега за инвестирање во почист воздух се најголеми од било кога од самостојноста на државата, изјави Заев по денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Сериозни инвестициони активности, посочи тој, се почнати во обновливите извори на енергија.

– Отпочнавме многу сериозни проекти. Сериозни пари се инвестираат во промена на системите на греење на јавните институциите, како болници, детски градинки и училишта. Во самите детски градинки и училишта воведовме пумпи за прочистување на воздухот. Дополнителни инвестиции се сите тие алатки од милион и двесте илјади евра кои ги имаме од годишната програма за борба против загадувањето на воздухот кои што се имплементираат. 618 милиони денари или повеќе од десет милиони евра се определени директно за инверторите, рече Заев.

Следните адресирања, најави тој, ќе бидат директни вложувања во јавниот превоз и директни контроли на индустријата, посочувајќи дека некаде 57 проценти од загадувањето доаѓа од затоплувањето, додека 27 проценти од превозот и останатите од индустриските капацитети и други извори.

– Мораме како држава сите да влеземе во својата одговорност. Министерот за екологија најави на седница на влада иницијатива во која ќе бидат вклучени сите инспекциски органи, полицијата и сите останати во будно мониторирање на просторот. Имаме често непочитување на одредени законски норми. Барем тука, каде можеме да се избориме, изјави Заев.

Сите знаеме, нагласи Заев, дека не може за година две да се постигнат сите успеси во делот на загадување на воздухот, но со конкретни мерки се бориме и го правиме тоа што цел свет го прави.

– Верувам дека сите ќе ја подигнеме нашата свесност  и барем тие граѓани кои што можат брзо ќе го променат системот за гррење. Почитувањето на А и Б интегрираните дозволи е од исклучитечно значење за индустриските капацитети, но верувам дека и јавните институции со интензивно темпо ќе продолжат да бидат пример на промена на системите за греење, промена на јавниот превоз, изјави Заев.

Слични содржини