Произведената електрична енергија во јули 2025 година е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 458 478 MWh, што претставува 8.8 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Во јули 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 421 489 МWh електрична енергија, 25.599 милиони nm3 природен гас, 357 665 тони јаглен и 112 946 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во јули 2025 година во однос на јули 2024 година:
-Потрошувачката на природен гас е намалена за 13.9 %, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
-Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 14.1 %