Произведени 13.056, а набавени 4.580 MWh електрична енергија во последното деноноќие

од Nikola Popovski
200 прегледи

Изминатото деноноќие произведени 13.056 MWh, набавени 4.580 MWh електрична енергија, информираа од Владата.

-АД ЕСМ на 27.11.2022 година произведе 13.056 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.377 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.679 MWh. Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 MWh електрична енергија. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 27.11.2022 година, соопштија од Владата.

Слични содржини