198
АД ЕСМ на 22.01.2023 година произведе 18.045 MWh електрична енергија, информираа од Владата.
Со тоа целосно со сопствена произведена енергија се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти.
-Во Термоелектраните произведени се 15.002 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.043 MWh, додадоа од Владата.