Произведени 19.629 MWh, немаше увоз на електрична енергија од странство

од Nikola Popovski
112 прегледи

АД ЕСМ на 11.01.2023 година произведe 19.629 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, соопшти Владата.

Во Термоелектраните произведени се 16.679 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.950 MWh.

-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 11.01.2023, додадоа од Владата.

Слични содржини