Производството на нафта на најниско ниво годинава

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Истражувањето на Ројтерс во четвртокот покажа дека производството на нафта на ОПЕК во септември падна на најниската точка оваа година од 26,14 милиони барели дневно, што е за речиси 400.000 барели дневно помалку од претходниот месец, пред се поради прекините во Либија.

Во август, ОПЕК произведуваше 390.000 барели дневно повеќе отколку во септември, според анкетата на Ројтерс, при што Либија учествуваше со околу 300.000 барели дневно од тоа и Нигерија со 40.000 барели дневно, додека Ирак продолжи да произведува 90.000 барели дневно над квотата.

„ОПЕК испорачува околу 130.000 барели дневно повеќе од предвидената цел за деветте членки опфатени со договори за намалување на снабдувањето, при што Ирак сè уште го сочинува најголемиот дел од вишокот“, според анкетата на Ројтерс. Воените дејствија на Блискиот Исток досега ја подигнаа цената на нафтата за околу 5%, така што Брент се тргува за 77,62 дол/бл., а WTI е на 73,71 дол/бл.

Пазарите стравуваат од удар врз нафтената инфраструктура на Иран. Се верува дека ОПЕК + има доволно дополнителен капацитет за да го надомести целосното производство на Иран, кое обезбедува 3% од глобалното дневно производство на нафта. Саудиска Арабија и ОАЕ лесно можат да го зголемат производството со зголемување на производниот капацитет.

Претходно во четвртокот, либискиот министер за нафта Калифа Абдул Садик изјави за Блумберг дека производството на нафта во земјата ќе продолжи по повеќе од еден месец суспензија, поради судирите на ривалската влада околу тоа кој ќе ја води Централната банка, која ги контролира приходите од нафтата на земјата.

Крајот на оваа либиска криза ќе доведе до враќање на неколку стотици илјади барели сурова нафта дневно на пазарот, кој во моментов се плаши од шок за снабдувањето од Блискиот Исток на работ на сеопфатна војна.

Слични содржини