Производството на Nissan Ariya помало од планираното

од Vladimir Zorba

Испораките на целосно електричниот Ariya на Nissan ќе бидат побавни од очекуваното поради проблемите што ја засегаат неговата производна линија во Јапонија.

Извори во Јапонија наведуваат дека производството на Ariya е најмалку 30% под планот. Производството е забавено поради проблеми со високо автоматизираниот производствен систем кој Nissan го постави за Ariya во фабриката во Точиги, северно од Токио, пренесе Ројтерс.

Системот му овозможува на Nissan да произведува автомобили со различни погонски единици на иста линија, вклучувајќи EV, хибриди и SUS модели.

Неименуван извор вели дека водење на производствената линија со полн капацитет е „исклучително, исклучително предизвикувачки“, истакнувајќи дека напредната линија за боење станала особено голем проблем.

Nissan напоменува дека има и потешкотии во снабдувањето со полупроводници покрај пречките во снабдувањето со компоненти.

„Компанијата прави напори целосно да го врати производствениот капацитет во фабриката“, се вели во соопштението на Nissan.

Слични содржини