Проколнат 19-ти септември: Мексико погоден од трет разорен земјотрес во последните 40 години (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
171 прегледи

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Мичоакан во Мексико, јавуваат медиумите.

– Оддалечете се од брегот и стигнете до повисоките места. Следете ги директивите на надлежните – се наведува во соопштението.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 60 километри во областа Мичоакан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Засега нема официјални информации за евентуални жртви и материјална штета, но на социјалните мрежи се појавуваат фотографии кои покажуваат дека државната болница во градот Маруата е сериозно оштетена.

На едно од видеата се гледа како возилата се нишаат поради тресењето на земјата.

Да потсетиме, на истиот датум, 19 септември, пред пет и 37 години, оваа земја беше погодена од разорни земјотреси.

На 19 септември 1985 година, Мексико беше погодено од разорен земјотрес со јачина од 8 степени според Меркалиевата скала. Тогаш загинаа речиси 10.000 луѓе.

Вториот земјотрес што го погоди Мексико пред точно пет години беше со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 49 километри југозападно од градот Пуебло де Сарагоса и осум километри од населбата Теоеохума.

Поради силниот земјотрес, луѓето панично избегале на улица, што го потврдуваат и бројните видеа објавени на социјалните мрежи.

Слични содржини