Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 17 до 23 степени Целзиусови, додека минималните ќе бидат од -4 до 2 степени.
Во Скопје се очекува слична временска состојба, со температури од 1 до 23 степени и слаб јужен ветер.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на неделава регионот ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ. Утре и задутре, особено во вечерните часови, ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Во четврток претпладне се очекува нестабилност со можност за локални врнежи.
Во текот на целата седмица ќе дува засилен јужен ветер, а утринските температури ќе бидат во пораст.