Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, објавија од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната ќе достигне и до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Температурата ќе се движи од 2 до 19 степени Целзиусови.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, наместа негативни, а дневните ќе бидат во постепен пораст.