Промашување на годината: Жота се посрамоти (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
366 прегледи

Ливерпул денеска играше на гости кај Вулверхемптон во рамките на 15. коло од Премиершип, а на тој натпревар беше забележано неверојатно промашување.

Најголем виновник што Ливерпул не поведе во 60. минута беше португалскиот фудбалер Диого Жота, кој во вториот дел пропушти прилика која беше полесно да ја искористи.

Жота ја доби топката на десната страна од теренот, го измами голманот на „волците“ Хозе Са, кој истрча од својот шеснаесетник и продолжи да трча кон голот. Пред голот имаше само двајца противнички одбранбени играчи. Португалецот шутираше силно, но неверојатно само ги погоди дефанзивците, што предизвика општ ентузијазам кај навивачите на Волвс, а играчите и тренерот на Ливерпул ги фрли во очај.

На крајот од сезоната она што го направи Диого Јота ќе биде сигурен кандидат за промашување на годината.

 

Слични содржини