Промена на даночниот систем на малите грчки острови

Бројот на егејските острови е над 20, вклучувајќи ги Самотрака и Тасос, каде што одмараат многу македонски туристи

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Принтскрин

За 30 отсто е намален Данокот на додадена вредност (ДДВ) за сите грчки острови со население помалку од 20.000. Бројот на егејските острови е над 20, вклучувајќи ги Самотрака и Тасос, каде што одмараат многу македонски туристи.

Намалувањето на даночната стапка веќе доведе до пониски цени и во туристичкиот сектор и во продавниците, според туристите кои се на овие острови за време на празниците.

Локалните жители сметаат дека пониските цени ќе го зголемат бројот на туристи оваа година.

Само транспортот и производителите на тутун се исклучени од олеснувањето.

Поради добрата даночна состојба на грчките острови, се очекува дури и компаниите од земјата да се префрлат на нив, што ќе создаде нови работни места.

Сите прехранбени производи што се произведуваат надвор од островите, но се продаваат во нивната малопродажна мрежа, исто така имаат намалени даноци.

Промената на даночниот систем на малите грчки острови има за цел да им овозможи на жителите да купуваат поевтини стоки, да го поттикне туризмот и да отвори нови работни места за локалното население.