Промена на политиката: Лидерите на ЕУ бараат побрзи депортации на мигрантите

од Nikola Popovski
13 прегледи

Европските лидери планираат да извршат притисок врз Европската комисија да излезе со нови насоки за депортации кога ќе се состанат во Брисел на 17 октомври, стои во нацрт-извештајот од нивните заклучоци.

„Европскиот совет повикува на решителна акција на сите нивоа за да се зголемат и забрзаат депортациите од Европската унија“, се вели во нацртот до кој дојде „Политико“.

Лидерите на ЕУ се залагаат за построг пристап кон миграцијата во услови на зголемена поддршка за конзервативните и екстремно десничарските партии низ целиот блок.

Едно од главните барања на лидерите е разјаснување на правната рамка околу депортацијата на мигрантите во земји надвор од Европската унија. Во 2018 година, Комисијата претстави нова рамка за депортации, позната како Директива за враќање, но таа никогаш не дојде на гласање во Европскиот парламент.

„Еуроњуз“ имаше увид во документот во кој се наведува дека зад него стојат 17 земји-членки на ЕУ. Иницијатори се Австрија и Холандија, а документот го поддржаа Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Луксембург, Малта, Словачка и Шведска. Свои потписи дадоа и Норвешка и Швајцарија, две земји кои не се членки на ЕУ и се дел од Шенген зоната.

Идејата е да се санкционираат оние кои добиваат налог за депортација, но никогаш не го напуштаат континентот.

Слични содржини