Промена на времето: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, известуваат од УХМР.

Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, понекаде и во форма на локално невреме со силен ветер и појава на ситен град.

Утринската пемпература ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме.

Утринската температура ќе биде 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.

Слични содржини