Промена во политичкиот курс: Абази ја презема Комисијата за хартии од вредност

од Марта Пешевска
101 прегледи

Поранешната потпретседателка на Алијансата за Албанците, Бујаре Абази, се повлече од блискиот круг на Арбен Таравари и денес беше именувана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност. Намената со 59 гласа „за“ во Собранието, оваа одлука јасно покажува нејзина дистанца од актуелното раководство на Алијансата.

Абази во своето обраќање јавно им се заблагодари на Арбен Фетаи и Азир Алиу – познати противници на Таравари, но не го спомна самиот Таравари, што укажува на промена во нејзиниот политички став и насока.

Ова именување и јавното одбивање да се соработува со Таравари укажуваат дека Абази оди по нов пат, одвојувајќи се од досегашната партиска линија.

Слични содржини