Промена во врвот на листата на најбогатите луѓе во светот

од Vladimir Zorba

Основачот на американската интернет компанија “Амазон” Џеф Безос стана најбогатиот човек во светот, поместувајќи го еден од основачите на “Мајкрософт” Бил Гејтс.

Вредноста на хартиите од вредност на “Амазон” пред ноќ надминаа 15 долари. Така Безос се збогатил за неколку часа со над 800 милиони долари и го заменил Гејтс. Прашањето е колку долго цената на акциите ќе се одржи на овие нивоа. Сигурен факт е дека, сепак, дури и за кратко, за прв пат во последниве години некој успева да го симне основачот на “Мајкрософт” од првото место.

Причината е остриот скок во акциите на “Амазон”, соопштија светските медиуми.

 

Засега Бил Гејтс продолжува да ја предводи официјалната листа на списанието. “Форбс” со
најбогатите луѓе со состојба малку над 90 милијарди долари. Безос е втор со 89,8 милијарди, а  трети – инвеститорот Ворен Бафет со 76,2 милијарди.

Четврти е креаторот на “Фејсбук” Марк Цукерберг со 62,4 милијарди долари.

Слични содржини