Промени на црната листа на ЕУ за даночни раеви: Три земји се префрлија на „сивата листа“

од Nikola Popovski

Министрите за финансии на ЕУ се очекува следната недела да ги отстранат Сејшелите, Доминика и Ангвила од „црната листа“ на даночни раеви, според документите до кои имал пристап Ројтерс, додека барањето на Панама да биде отстранета од таа листа не вроди со плод.

Даночните експерти од ЕУ препорачаа да се отстранат карипскиот остров Доминика, британската карипска територија Ангвила и Сејшелите од „црната листа“, главно затоа што се обврзаа дека ќе спроведат дополнителен преглед на нивните даночни системи со Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели, кое претставува водечко меѓународно тело за истражување на затајувањето данок, покажуваат документите.

Се очекува трите јурисдикции да бидат префрлени на европската „сива листа“, која ги вклучува земјите што покажале посветеност на даночните реформи, се наведува во еден документ, пренесе „Блиц“.

Оваа листа е воспоставена во 2017 година поради борба против распространето даночно затајување и периодично се ажурира за да се отстранат или додадат јурисдикции во зависност од нивните даночни реформи.

Слични содржини