Променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во доцните попладневни часови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Слични содржини