Променливо облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер

од Nikola Popovski
203 прегледи

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди, информираат од УХМР за денешнатта временска прогноза.

Утринската температура ќе биде од минус еден до пет Целзиусиви степени, а во текот на денот од 9 до 16 Целзиусиви степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 11 степени.

Кон крајот на денот најпрвин во западните делови и во среда, наместа ќе има повремени врнежи од дожд.

Во Скопје утре претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и ќе започне да дува северен ветер.

Слични содржини