Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни денеска, како и утре претпладне (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места особено на западот.
Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, а особено в среда снег ќе има и на повисоките места.