119
УХМР излезе со најновата временска прогноза за 15-ти декември. Во утринските часови ќе има услови за појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно и особено претпладне со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурите ќе се движат од 2 до 15 степени целзиусови. Интересно е што просечните темпрератури ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Во Скопје во раните утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла поизразена претпладне.
Температурите ќе стигнат до 9 степени целзиусови.