Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Уште од ноќта ќе дува претежно умерен ветер од југозападен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.