145
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец.
Од среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.