Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести од попладневните часови. Според информациите на УХМР, од претпладне ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе се движи од -7 до -1 степен, а максималната од 4 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди попладне и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
Од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ќе биде во недела и на почетокот од следната седмица.
Во недела времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во понеделник времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Она што е воочливо е дека во понеделник времето ќе достигне рекордни 20 степени, додека само два степени помалку не очекуваат во недела или максимални 18 степени.