Променливо облачно со услови за локален дожд

од Nikola Popovski
168 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се искачи од 3 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 12 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Слични содржини