Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 8 до 18 степени.
Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Температурите во Скопје денеска ќе се движат од минимални 3 до максимални 14 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен (над 80 км/час) северен ветер. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.