373
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, јавуваат од УХМР. Попладнево на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15°C, а максималната од 23 до 27°C.