379
Времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови.
Попладне и кон крајот на денот од Запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 1до 7 степени, а дневната од 10 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со ветер и утринска температура од 5 степени, а дневна до 19 степени.