Променливо време во Скопје: Очекувајте дожд, ветер и повремени грмежи

од Даниел Ѓорѓиевски
76 прегледи

Жителите на Скопје денеска ќе се разбудат под сиво небо, со услови за повремен слаб дожд. Јужниот ветер ќе донесе благ пораст на температурите, кои ќе се движат од 9 до 20 степени.

Според метеоролозите од УХМР, нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови. Очекувајте променливи услови, со кратки, но интензивни врнежи.

„Во одредени делови на земјата можни се поројни дождови, грмежи и засилен ветер, кој на моменти може да достигне брзина над 60 километри на час. На некои локации количината на врнежи би можела да надмине 60 литри на квадратен метар“, предупредуваат од УХМР.

Слична ќе биде ситуацијата и во главниот град, каде се предвидуваат периоди на пороен дожд, проследени со грмежи и силен ветер. Граѓаните треба да бидат подготвени за промени во временските услови и да не се изненадат доколку времето брзо се менува.

Слични содржини