Прометот во индустријата бележи опаѓање од 20.9 % во август 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на јули 2025 година, бележи опаѓање од 20.9 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 6.7 %.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 3.9 % во август 2025 година во однос на август 2024 година, бележи Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на август 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %, Капитални производи за 5.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 14.6 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на јули 2025 година, бележи опаѓање од 20.9 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 6.7 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи опаѓање од 0.7 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање од 5.8 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 8.5 %.